Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите експертски толкувања на одлуката на СПЦ во врска со спорот со МПЦ ОА која ја соопшти вчера, а која беше навистина комплицирана за толкување, велат дека Maкедонскта црква веќе не е расколничка, таа е автономна црква во рамките на Српската православна црква со канонски статус од 1959 година.
Од МПЦ-ОА засега нема никаква реакција. Руската православна црква прва ја поздрави одлуката на СПЦ да го обнови канонското општење со македонската црква.
РПЦ беше првата православна црква која официјално излезе со реакција по одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае за канонска и да ја отстрани повеќедецинската шизма врз Охридската архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Руската православна црква тогаш излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија.
СПЦ денеска одлучи да го обнови каноското единство со МПЦ – ОА со што се става крај на управниот спор од 1967 година со што всушност се враќа автономијата во рамките на СПЦ со канонскиот статус доделен во 1959 година.
Она што е навистина скандалозно е дека во соопштението Синодот на СПЦ тврди дека ова е на барање на МПЦ – ОА.
Ова, според првичните реакции на експертите, всушност значи дека МПЦ – ОА сама се откажала од својата автокефалност прогласена во 1967 година. До одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај, македонската црква беше расколничка.
На свечената седница на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ по повод 100 – годишнината од воспоставувањето на канонско единство на Српската патријаршија, вчера поглаварот Порфирие рече дека Печката патријаршија од незаконитото укинување во 1766 година до 12 септември 1920 година живелела поделена во митрополии и епархии во границите на различни држави, кога е воспоставено единство. Поглаварот, меѓу другите, ги наброја Скопската, Вeлешко-дебарската, Пелагониската, Преспанско-охридската, Струмичката и, во еден дел Воденската митрополија со кои било воспоставено единството.
Во одлуката на СПЦ се вели дека евентуалната автокефалност на МПЦ-ОА може да се добие само со „сеправославна согласност“ на сите православни цркви.
Бугарската православна црква веќе се изјасни против одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на Охридската архиепископија. БПЦ сметаат дека само тие го имаат правото да бидат наследници на ОА.
Руската православна црква денеска ја поздрави одлуката на српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква – Охридска архиепископија и тоа претставува надминување на полувековниот црковен раскол“, изјави протоереј Николај Балашов од РПЦ.
СПЦ најави повторно воспоставување на литургиско општење со МПЦ-ОА.
Секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, рече дека Руската православна црква ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ.
Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Света тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, изворите на МИА од нашата црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано.
Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј рече дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.