Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската претставничка на овогодинешниот Евросонг, Андреа Коевска, сепак, ќе пее на музичкиот натпревар и ќе ја претставува Северна Македонија, одлучи денеска Македонската радио-телевизија, а за тоа јавноста ја информира преку писмено соопштение.
По инцидентот кој се случи за време на официјалната церемонија на отворањето на овогодинешниот Евросонг, кога нашата претставничка Адреа Коевска го фрли државното знаме на синиот тепих за време на фотографирањето, Македонската радио-телевизија остро го осуди потегот на Коевска и соопшти за нејзино евентуално дисквалификување од Евровизија.
Од МРТ во соопштението велат оти по по првичното соопштение, кое беше објавено по реакциите на јавноста, детално се разгледани сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија, но оти таквиот потег во овој момент би предизвикал голема финансиска штета.
„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, стои во соопштението од МРТ.
Оттаму посочуваат оти ќе ги преземат сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата, но и дека ќе ја разгледаат можноста за следната година МРТ да не учествува на Изборот за песна на Евровизија.
„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот Евровизија, што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската радио-телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, се наведува во соопштението.