Google ќе плаќа за содржините на повеќе од 300 европски медиуми


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Технолошкиот гигант и најкористен пребарувач на интернет „Google“ објави дека постигнал договор со повеќе од 300 медиуми во шест земји од Европската унија да плаќа за нивните содржини, најавени се понуди за медиуми и во други земји-членки на ЕУ.

Издавачите се меѓу најжестоките критичари на„ Google“ и долго време ги повикуваат владите да го регулираат плаќањето на надоместок за медиумска содржина објавена на дигитални платформи.

Австралија пропиша исплата минатата година, а сличен закон стапи на сила и во Канада во април.

Сулина Конал, директорка на одделот за медиуми на „Google“, на својот блог објави дека се договориле да платат за содржината со триста медиумски компании од групата земји од Европската унија.

„Договорите што ги постигнавме досега опфаќаат повеќе од 300 национални, локални и специјализирани изданија во Германија, Унгарија, Франција, Австрија, Холандија и Ирска а се водат и многу преговори“, напиша директорот на „Google“.

Конал не прецизира колку им плаќаат на медиумите, а деталите треба да бидат објавени во текот на денот. Германските медиуми сочинуваат две третини од групата и ги вклучуваат неделниците „Der Spiegel“ и „Die Zeit“ и дневниот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

ЕУ усвои директива за авторски права пред три години, со која се бара од онлајн платформите да плаќаат такси на музичарите, изведувачите, авторите, издавачите на вести и новинарите за објавување на нивната содржина,