Во кујнски елементи купени на eBay нашол сокриени 150.000 евра и ја направил „германската“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога 50-годишниот Томас Хелер од германскиот град Битерфелд решил да ги смени кујнските елементи, на „eBay“ нашол половни, токму какви што му одговарале за неговите потреби.

Хелер ги купил кујнските елементи на онлајн аукција и платил меѓу 240 и 300 евра, не замислувајќи какво изненадување го чека. Кога шкафчињаа стигнале во неговиот дом, решил да ги стави во кујната. Отворил едно од нив и забележал дека има тајна преграда.

Љубопитниот Томас ја отворил преградата во која се наоѓала скриена кутија. Кога ја отворил, видел плико од кое ѕиркала банкнота од 100 евра. Но, не му паднало на памет да ги задржи парите, туку веднаш отишол во блиската полициска станица и пријавил што пронашол.

– Го отворија и второто, заклучено шкафче и најдоа уште пари. Банкноти од 200 и 500 евра беа уредно наредени во пликоа. Вкупно во шкафчињата имаше 150.000 – изјави Хелер.

Полицијата набрзо утврдила дека парите во кујнските елементи ги криела жена од Хале. Деведесет и едногодишната жена по смртта на сопругот отишла во дом за стари лица и целосно заборавила на парите што ги сокрила.

За работите да бидат уште поинтересни, човекот кој во име на старицата бил задолжен за продажба на кујнските елементи не забележал ништо сомнително. Сè било добро скриено, па никој немал поим дека старите, користени шкафчиња криеле вистинско богатство.