Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот полициски службеник Остин Хоп од Колорадо,САД, кој повредил постара жена со деменција при нејзиното апсење во јуни 2020 година, е осуден на пет години затвор.
Хоп, поранешен службеник на полицијата во Лавленд, се појави во окружниот суд Лаример откако се изјасни за виновен по обвиненијата поврзани со апсењето на Карен Гарнер. Во тужбата се наведува дека полицаец ја фрлил Гарнер, која тогаш имала 73 години, на подот и ѝ ставил лисици, пренесува NBC News.
„Хоп ја искористи својата позиција на моќ и авторитет за да ја покаже својата сила. Тој го занемари секое чувство за хуманост, покажа алармантно ниво на криминално размислување и предизвика голема штета и траума”, изјави судијката Мишел Бринегар.
„Ова не е грешка. Мислам дека на Хоп сега му е жал, но тој сè уште не разбира што направил“, рече таа пред изрекувањето на пресудата.
Хоп е осуден и на три години условна казна.
Полицаецот ја уапсил Гарнер откако била осомничена за кражба на работи вредни околу 14 долари од продавница на Волмарт. Нејзиниот адвокат рече дека имала деменција и сензорна афазија (неспособност да препознае зборови или значајни аудитивни, визуелни и тактилни информации), поради што има проблеми со комуникација.
Тој додаде дека Гарнер заборавила да плати за предметите поради деменција. На видеото од апсењето се гледа како Гарнер оди кон својата куќа, а Хоп ѝ вели да застане. Но, таа само збунето ги крева рамениците и продолжува да оди.