Прв пат заедно пред објективите после раскинувањето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атрактивната славна руска манекенка Ирина Шајк и славниот холивудски актер Бредли Купер пред три години ја прекинаа четиригодишната врска во која ја добија ќерката Леа Де Сеин.

Она на кое што медиумите долго време алудираа – дека популарната двојка останала во добри односи, Ирина и Бредли дури сега јавно го покажаа и докажаа.

Бившите партнери се сретнале на почетокот на неделава на Мет Гала забавата, а откако поминале време заедно, одлучила и заедно да се фотографираат.

Ирина и Бредли по раскинувањето изјавиле дека направиле се што можеле за да ја спасат врската, а откако ја прекинале врската продолжиле заедно да се грижат за својата ќерка со која често заедно шетаат на Менхетен, каде што живеат и двајцата.

На гламурозната забава во музејот Метрополитен во Њујорк, тие се забавувале во друштво на многу познати личности, а кога дошло време за фотографирање, одлучиле само да се прегрнат во друштво на пријателите.