Лудило во Англија: Им требаше победа со 7:0 за влез во Лига 1 и ја остварија (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Tимот на Бристол Роверс на неверојатен начин се избори за пласман во Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија.

Во последното коло од Лига 2 на овој тим му беше потребна победа од седум гола разлика за да го прескокне Нортемптон на третата позиција, последната која води директно во повисок ранг.

Иако изгледаше неверојатно успеаа да слават со седум разлика и тоа со 7:0. На полувремето резултатот беше 2:0, а Норетемптон во тој период водеше со 3:1. До крајот Роверс постигна уште пет гола, а Нортемптон не ја погоди противничката мрежа, па така Бристол се промовираше во нов член на Лига 1.

Двата тима имаат по 80 бода и гол идентична гол разлика од +22, а Бристол оди во Лига 1 поради повеќе постигнати голови, тие имаат 71, а Нортемптон 60.