Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот фудбалски арбитер Марк Клатенбург предлага практично решение како мечот да биде поактивен, а тимовите да заборават на методите за задржување на време.
Славниот судија дава предлог како да се избегне задржувањето на време од екипите кои тоа го прават и фудбалот да биде поактивен.
Тој предлага фудбалот да биде сличен како кошарката, со стопирање на времето кога играта не е активна.
„Тренерите често знаеа да ми замерат ако покажев две, наместо три минути додатно време, како таа минута да ќе им смени нешто за пропуштеното во текот на целиот меч. Тие што водат бараат помалку продолжение, тие што губат бараат повеќе. Но мислам дека има решение за сето ова, а тоа е мечевите да траат по 60 минути, но времето да се стопира кога топката е надвор од теренот, кога има повреда, кога се делат картони и слично. ФИФА го разгледува овој предлог. Овој начин функционира во кошарката, не гледам зошто не би функционирало и во фудбалот“, вели Клатенбург.
Тој ваквиот став го поткрепи и со факти. Измерено е дека во Премиерлигата на мечевите во просек активно се игра 55 минути. А најкратко активно се играло на мечот меѓу Вест Хем и Брентфорд, само 41 минута и 33 секунди, а најмногу на дуелот меѓу Манчестер Сити и Барнли, 65 минути и 42 секунди.