Цел живот буквално живееме во минатото – еве ја причината за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, кога некој ќе ви рече дека живеете во минатото (или поколоквијално – закочен си во минатото), тоа всушност значи дека или имате старомоден вкус, стил, начин на живот, или генерално имате застарени погледи и сфаќања.

Но, оваа синтагма е точна и во буквално значење од научен аспект и перцепција на времето – дека луѓето навистина живеат во минатото. И тоа нема никаква врска со било каква научна фантастика и слично.

Научниците докажале дека мозокот на човечкиот вид кој моментално е актуелен на планетата Земја ги перципира настаните приближно 80 милисекунди откако ќе се случат.

Затоа, според тврдењата на физичарите, научно гледано, за луѓето не постои „сега“ и „сегашност“ и дека животот во сегашноста е практично илузија.