Дресот кој го носеше Марадона кога го даде легендарниот гол со „божја рака“ продаден за 7 милиони фунти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дресот на фудбалската легенда и икона Диего Марадона кој го носеше во натпреварот против Англија во 1986 година кога го постигна фамозниот гол со рака е продаден на аукција за неверојатни 7.1 милиони фунти.

Станува збор за дресот со кој Марадона ја изведе славната „божја рака“. По тој натпревар дресот заврши во поранешниот репрезентативец на Англија Стив Хоџ во чија сопственост беше и до денес.

„Би-Би-Си“ пренесува дека дресот е продаден на аукција и тоа за неверојатни 7.1 милиони фунти и тоа е најскапиот спортски сувенир во историјата. Претходно рекордот го држеше дресот на легендата на Њу Јорк Џенки Бејби Рут кој во 2019 година се продаде за 4.4 милиони фунти.

Интересно е што претходно во 2020 година Хоџ изјави дека дресот нема цена и дека нема да го продаде.

„Го имам тој дрес 34 години и никогаш не сум помислил да го продадам. За мене тој има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето често ме бараат и ми доаѓаат дома, некогаш ситуациите и не се баш пријатни“, изјави тогаш Хоџ.