Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судската одлуката во спорот Роу против Вејд беше правната база врз која над 50 години САД го гарантираа правото на абортус до 6-ти месец од бременоста. Во јуни одлуката престанува да важи.
Во крајно редок случај, реномираниот Политико стигна драфтот напишан од судијата Самуел Алито, според кого Врховниот суд е решен да ја укине пресудата која го гарантираше правото на абортус.
Како што пишува Алито, одлуката за Роу против Вејд, уште при самото свое носење е конфликтна и е во спротивност со американскиот Устав, пренесува ОффНет.
„Неизбежниот заклучок е дека правото на абортус не е длабоко вкоренето во историјата и традицијата на нашата нација,“ пишува Алито во својот заклучок.
Одлуката сè уште не е конечна и се работи за драфт кој може да биде изменет (но многу тешко) до крајниот рок за објавување на пресудата. Од 9 судии на Врховниот суд, конзервативниот блок веќе има 5 „гарантирани“ гласови и не мора да го брка и 6-от конзервативен судија.
Еден од централните елементи на постојната пресуда е дека сојузните и федералните власти не смеат да забранат абортус пред моментот на отпорност на фетусот. Во пракса ова значи моментот кога фетусот може теоретски да преживее вон телото на мајката, што е дефинирано на 23 до 24 гестациска недела.
Бидејќи новата расправа околу правото на абортус е започната заради закон од Мисисипи од 2018 со кој се забранува абортус по 15-та недела, се очекува дека тоа ќе биде границата која ќе важи на ниво на САД.
Доколку крајната одлука го потврди драфтот, се очекува дека најмалку половина од американските сојузни држави веднаш ќе забранат абортуси.
По укинувањето на пресудата, поборниците за правото на абортус имаат опција да чекаат создавање на наклонето мнозинство меѓу 9-те врховни судии на САД (кои се бираат со доживотен мандат) или мнозинство во американскиот Конгрес кое ќе донесе закон што трајно ќе го регулира абортусот.