„Американски сон“: Лимузина од 30 метри со 26 тркала, џакузи, базен и терен за мини голф (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мајкл Дизер од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најдолгиот автомобил на светот чија должина изнесува 30 метри.

„Американскиот сон“ има 26 тркала, а на патниците им нуди голем воден кревет, базен во комплет со даска за скокање, џакузи, када, терен за мини голф, хелипад (платформа за слетување на хеликоптер) а во кабината може да се сместат 75 луѓе!

Заснован на Cadillac Eldorado од 1976 година, новиот рекордер е споен во два дела и има вкупна должина од повеќе од триесет метри. Процесот на реновирање и ремонтирање на овој автомобил траел три години и чинел 250.000 долари.

Мајкл открива дека автомобилот нема да се најде на патиштата во скоро време, бидејќи е предолг, но истиот ќе биде изложен во музеј.