Дритан Абазовиќ е новиот црногорски премиер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратениците во парламентот на Црна Гора денеска ги избраа членовите на 43-та влада на чело со премиерот Дритан Абазовиќ, лидер на Граѓанското движење УРА.

Новата влада ќе има 18 министерства, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.

Претходно во денот беше најавено дека претставниците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави претставникот на оваа алијанса, Славен Радуновиќ.

Тој рече дека пратениците на ДФ нема да присуствуваат на денешната седница поради „неодамнешното каменување на автобус со деца од Никшиќ, само затоа што пееле и играле пред Цетинскиот манастир“.

Во исто време лидерот на Демократска Црна Гора и поранешен претседател на Собранието, Алекса Бечиќ изјави дека очекува многу брзо во Црна Гора да бидат распишани предвремени парламентарни избори.

„Кој не е уценет ќе ги избере изборите. Дритан Абазовиќ вели дека тоа е губење време, а всушност се плашат од судот на граѓаните. Повеќето граѓани сметаат дека новите избори се најдоброто решение. Ќе видите како ќе изгледа таа илегална власт под аминот на ДПС (Мило Ѓукановиќ). Ќе има компликации“, изјави Бечиќ во интервју за Радио-телевизија Херцег Нови.

Претседателот на Социјалдемократите, Дамир Шеховиќ, истакна дека оваа партија нема да гласа за 43-та влада на Црна Гора и мандатарот Абазовиќ а како главна причина за тоа го наведе учеството на Социјалистичката народна партија (СНП) во новата извршна власт, која тој тврди дека е во консултација со социјалистите составен од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Шеховиќ тврди дека формален предлагач на новата влада е Дритан Абазовиќ, а суштински Владимир Јоковиќ (СНП), „во консултација со Александар Вучиќ“.