Сепак не е мртов: По веста за неговата смрт, се огласи Мино Раиола


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако сите релевантни медиуми ја објавија веста дека познатиот агент Мино Раиола починал, следуваше вистински шок.

Најпрво се огласи неговиот адвокат и истакна дека Раиола е во тешка ситуација, но НЕ е починат.

Докторот од болницата исто така потврди дека Мино се бори за живот и е згрозен од веста која се појави во медиумите.

Само неколку минути потоа се огласи и самиот Мино Риола преку социјалните мрежи.

„Мојата моментална здравтствена состојба за сите оние кои ги интересира, изнервиран, ме умреа два пати за 4 месеци. Се чини дека и јас можам да воскреснам“, напиша Раиола.

Чудно е што сите релевантни медиумите во Италија како „Газета дело Спорт“, „Кориере дело Спорт“, „Скај Спорт“… објавија дека починал, а сега стигна демант.