Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на САД` Џо Бајден пред неколку дена на говор Сиетл повторно подаде рака во воздухот како да сака да се ракува со некого, иако во тој момент немаше никој во негова близина.
Joe Biden shakes hands with thin air after finalizing speech in Seattle… 👋🏽😭 pic.twitter.com/IKoJEpSFAk
— FriendlyFire (@OfficialFF2020) April 24, 2022
Прашањето каква е менталната состојба на Бајден веќе неколку месеци се поставува во САД. Сите го помниме оној настап во Северна Каролина кога Бајден буквално се ракуваше со воздухот. На настанот беше присутен и поранешниот претседател Барак Обама. Претходно, на 19 јануари на Бајден на прес-конференција директно му беше поставено прашање во врска со тоа.
– Немам поим – изјави Бајден на прашањето зошто половина, односно 48 отсто од Американците сметаат дека тој „не е ментално способен да служи како претседател“.
Претседателот рече и дека ќе им остави на новинарите „да проценат дали анкетата е точна“. Се работи за истражување кое го спроведе познатиот портал Политико.
Ова не беше прв пат да се разговара за психичката и психолошката состојба на американскиот претседател. Вакви прашања имаше во предизборната кампања во првата година од неговиот мандат. Таа им е омилена тема на десничарските републикански медиуми. Во меѓувреме, неколку други анкети потврдија дека секој втор Американец се сомнева во здравјето на Бајден.