Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски планира во Благоевград, Бугарија да отвори културен центар, за чие име ќе се разговара, а за ова, во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
– За крај, планирам директно да го информирам премиерот Петков, дека во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а името ќе го одредиме во координација со нашиот Институт за историја и почитувана Мизрахи, ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето – рече Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, која праша зошто се дозволи отворање на културен центар во Битола со името на Ванчо Михајлов.
Ковачевски, претходно појасни дека за решавање на проблемот со Бугарија ќе разговараат без национализам.
– Сосема е во ред било која држава која има граѓани кои се самоопределуваат да отвори културен центар во нашата држава, како што и ние отворивме културен центар во Софија. Како што Бугарија долги години има културен центар во Скопје. Во исто време не се согласувам и сум многу разочаран што Бугарија одлулчи да именува центар со име „Ванчо Михајлов“, Ова лице е поврзано со директна соработка со нацистички и фашистички режим. Огромна штета му направил на македонскиот народ, со ликвидација на македонски револуционери и депортации во логорите на смртта – рече претходно премиерот.
Премиерот рече и дека поседува фотографии од тоа кој сѐ бил присутен на отворање на бугарскиот културен центар во Биотла, но дека тие фотографии ќе му ги даде на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Многу бев вознемирен и кога неговата восочна фигура беше ставена во музејот на Ново Село од Никола Груевски. Мојот став е ист кога беше ставена неговата фигура во Скопје. Не знам дали го имате само на сликите во вашата Бела Палата. Но знам дека ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов. Водач на ВМРО-ДПМНЕ во дваесеттите години од минатиот век, а вие тоа го прифаќате. Видете ги сликите во Белиот дворец, прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека го слават Ванчо Михајлов – рече Ковачевски.