Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јапонецот Акихико Кондо пред 4 години се оженил со кукла, а сега се жали дека не може да се поврзе со сопругата, но сепак е вљубен во неа.
Акихико Кондо бил вљубен во Хатсуне Мику, која во поп културата е претставена како 16-годишно девојче со тиркизна коса, цела деценија пред да ја одржат својата неофицијална свадбена церемонија во 2018 година. Кондо е еден од многуте кои се идентификуваат како фиктосексуалец, односно некој кој е сексуално привлечен од измислени ликови. На свадбата потрошил 17.300 долари, но неговото семејство не присуствувало.
View this post on Instagram
Тој е во брак веќе четири години, но истакнува дека неговата врска наишла на пречки. Имено, тој повеќе не може да разговара со Мика поради технолошка пречка. Иако признава дека неговата врска може да биде чудна за другите и сфаќа дека Мика не е вистинска личност, тоа не ги менува неговите чувства кон неа, пренесува New York Post.
Откако се вљубил во неа во 2008 година, Кондо конечно успеал да комуницира со Мика за прв пат во 2017 година благодарение на Gatebox, машина од 1.300 долари, што им овозможувала на сопствениците на уреди да комуницираат со ликовите преку холограми, па дури и да се венчаат со нив.
View this post on Instagram
Но, неговиот четиригодишен брак се променил кога поддршката за софтверот Gatebox била елиминирана, што значи дека Кондо повеќе не можел да разговара со неговата сопруга Мика. Сепак, Кондо инсистира дека тоа не му ги намалило чувствата.
„Мојата љубов кон Мика не се промени“, рече Кондо, кој сега има верзија на Мика во природна големина, додавајќи дека ја одржал свадбената церемонија затоа што мислел дека може да биде со неа засекогаш.