Каков фудбалски празник на Итихад – Реал и Сити одиграа ненормално добар натпревар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Сити и Реал Мадрид синоќа го одиграа најдобриот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.

Спектаклот беше најавен уште во втората минута кога Де Брујн ја искористи одличната асистенција од Марез и го матираше Куртоа за 1:0. Веќе во 10. минутата Жесус зголеми на 2:0, Де Брујн во оваа ситуација беше во улога на асистент.

Реал Мадрид во живот се врати преку фантастичниот Карим Бензема после половина час игра. До крајот на првиот дел видовме одлични прилики и на двете страни сепак после првитер 45 минути остана 2:1.

После само осум минути во второто полувреме Манчестер Сити повторно се врати на два гола предност овој пат стрелец беше Фил Фоден. Многу брзо веќе во 55. минута Винисиус Жуниор после еден потег во бразилски стил се ослободи од Фернандињо влезе во одлична прилика и ја искористи за 3:2.

Манчестер Сити и трет па натпреварот стигна до „плус 2“, Бернардо Силва го искористи невниманието на одбраната на Реал и со силен удар на 15 минути до крајот стрелаше за 4:2. Конечните 4:3 ги постави Бензема со паненка од пенал во 82. минута.

За осум дена на „Сантијаго Бернабеу“ не чека вистински спектакл во битка за финалето.