Лавров предупредува: Постои сериозен и реален ризик од Трета светска војна која ќе биде нуклеарна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на руската одбрана, министерот Сергеј Лавров, во интервју за руската државна телевизија предупредува дека ризикот од нуклеарна војна е „сериозен и реален“, додавајќи дека Кремљ сака „да ги намали сите шанси вештачки да го зголеми тој ризик“.

– Ова е нашата клучна позиција, на која ги темелиме сите наши одлуки. Ризиците сега се значителни. Не сакаме вештачки да ги зголемуваме тие ризици, а многумина би сакале. Опасноста е сериозна и реална, не смееме да ја потцениме – рече Лавров.

Конфликтот во Украина ќе заврши со договор, но содржината на договорот ќе зависи од воената ситуација, додаде Лавров. Во интервју за руската државна телевизија Лавров рече дека Киев „само имитира преговори“.

Рускиот министер за надворешни работи рече дека разговорите меѓу Украина и Русија „не одат никаде“, бидејќи Москва не го добила одговорот на Киев на последниот предлог. Детали за предлогот не се објавени.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следната недела треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, како и со Лавров.

Гутереш следната недела треба да се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.