18 мигранти откриени во две возила на патот Стојаково – Богданци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полициските служби открија вкупно 18 мигранти во две возила – „пежо 407“ и „опел вектра“ со бугарски регистрации на патот Стојаково – Богданци.

Вчера околу 20.00 часот во близина на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” го лишиле од слобода Џ.А.(27) од с.Црнилиште, општина Долнени, затоа што во возилото „пежо 407″ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени мигранти, соопшти МВР.

„Околу 19.30 часот на истата локација, полициските службеници забележале како од неговото возило и од возило „опел вектра” со бугарски национални ознаки излегуваат вкупно 18 мигранти(4 од Пакистан и 14 од Сирија). По преземени мерки, мигрантите и возилата биле обезбедени, а возачите се дале во бегство, но набргу потоа, Џ.А. бил пронајден и лишен од слобода, а се преземаат мерки дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението.