Украинските војници лоцирани во Мариупол со апел до меѓународната заедница да ги извлече од опколениот град (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од припадниците на украинските сили во Мариупол на Фејсбук објави дека војниците „можеби ги живеат своите последни денови“ и ја повика меѓународната заедница да ги извлечат од опколениот град.

– Непријателот е десетпати поброен од нас, изјави Серхиј Волина од 36 морнаричка бригада лоцирана во челичарницата Азовстал во Марииупол.

Претходно, руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал.

– Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници денеска да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го предадат оружјето, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, при што се додава дека ниту еден украински војник вчера не ја прифати истата понуда.