Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Штрајкот на воспитувачите, наставниците и професорите во средните училишта продолжува, одговори на ФБ лидерот на СОНК на владиното соопштение.
Тој вели дека за утре е закажана седница на Советот на Синдикатот на која ќе биде анализиран ставот на Владата и ќе биде донесена одлука по него.
Владата на писмено му нуди на СОНК 10% зголемување на платите. Затоа МОН, МТСП и МФ се задолжени со ребалансот на буџетот да предвидат пари за покачување на платите на вработените во училиштата и градинките за 10%.
Владата исто така формира работна група составена од вицепрмеиерот Битиќи и министрите за финансии, образование, труд и информатичко општетство која треба да почне со преговори за нов колективен договор со репрезентативните синдикати и за методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во јавниот сектор.
Министерствтото за информатичко општетсво е задолжено да почне да работи и на нов закон за платите во јавниот сектор.
Во врска со штрајкот, Владата ги задолжи МОН и МТСП да ги преземат сите чекори за наставата во училиштата да продолжи исто како и згрижувањето на децата во градинките согласно уставните права на децата и соглансо законски утврдените одредби за одвивање настава во услови на штрајк.
Истовремено, Владата побара од двете министерства на штрајкувачите да им бидат исплатени само придонеси за времето поминато во штрајк, согласно закон.
Влата ги задолжи МОН и МТСП да достават информација за одговорот на СОНК на овие заклучоци, но и да побараат писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.
На крајот на соопштението, Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.