500.000 долари вреден Јагуар од 1954 година како свадбен подарок за Бруклин Бекам – тато Дејвид чести


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бруклин Бекам, синот на славниот пар Дејвид и Викторија Бекам, викендов се ожени со Никола Пелц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

На „свадбата на годината“ говорот го одржа таткото на Бруклин, пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам.

Сан пишува дека говорот на Дејвид траел приближно пет минути, а додека се сеќавал на раѓањето на својот син, на Бекам му се насолзиле очите. Тој рече дека спиел на подот на болницата, држејќи ја вратата затворена бидејќи не сакал да пушти никого да влезе. Дејвид наводно морал да застане за да здивне и да се собере, а потоа погледнал во Никол.

„Толку те сакаме. Возбудени сме што ќе бидеш дел од семејството“, рекол тој. Инаку, Бекам на парот како свадбен подарок им подарил Јагуар од 1954 година вреден 500.000 долари.

Да потсетиме, парот го кажа судбоносното „да“ во Палм Бич, Флорида, а беа одржани и две свадбени церемонии – една еврејска и една католичка затоа што нивните семејства се од различна вероисповед, пренесува Daily Mail. Трошоците за раскошната венчавка, која според извори блиски на парот чинела повеќе од 15 милиони фунти, ги платил таткото на невестата, милијардерот Нелсон Пелц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Медиумите пишуваат дека Дејвид и Викторија платиле за услугите на диџејот Фет Тони, кој долетал од Лондон за да ги забавува гостите, а на свадбата бесплатно настапувал и пејачот Марк Ентони, поранешниот сопруг Џенифер Лопез.

Никола и Бруклин претходно потпишаа предбрачен договор.