Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за здравство Беким Сали денеска се појави на протестниот собир на матичните лекари каде ги слушаше лекарите што кажуваат и прашањата што треба да ги постават.
– Сите тие претставници на здруженијата знаат дека ние интензивно работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита и сметам дека овој ден е само за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Меѓутоа, тоа е легитимно право и јас ќе им се придружам. Тие денеска ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам во протестот како група, изјави претходно Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на реновираниот оддел за онкологија на Универзитетската клиника за детски болести.
Денеска по трет пат Здружението на приватни лекари ќе организира протест за, како што потенцираат оттаму, спас на опстанокот на приватното здравство во Македонија.