Ван Гал боледува од рак на простата – болеста му е во напредна фаза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Луис Ван Гал ги остави гледачите на една холандска телевизија без текст кога соопшти дека боледува од тешка болест.

Легендарниот тренер призна дека боледува од рак на простата и дека за жал тој е веќе во поодминатата фаза и што е најлошо е агресивен. Ван Гал веќе некое време знае дека ја има тешката болест, но криел од своите играчи. Меѓутоа ситуацијата сега станала сериозна и одлучил да открие.

„Имам рак на простата. На играчите сè уште не сум им кажал. Кога ќе ги видат моите румени образи сите мислат дека сум здрава личност, но за жал тоа не е случај. Поминувам низ најтешкиот период од животѕот, но така требало да биде. Сето ова е дел од животот“, изјави Ван Гал.

Ван Гал откри дека веќе е „чест гостин“ во болницата и дека имал 25 зрачења. Во болница одел само во ноќните часови за никој од играчите и новинарите да не сфатат што се случува.

Холандските медиуми сега пренесуваат дека Ван Гал е свесен дека ситуацијата е многу тешка и дека за жал во секој момент може да не напушти, па затоа јавно одлучил да каже дека е болен.