Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерни Бох Џуниор наместо првоаприлска шега, организираше акција во која „почести“ околу 26.500 литри, на сите што му се придружат во текот на денот кога се шегуваат. Тој на својот Фејсбук профил го објави својот „ден на бензинот“ и вети дека ќе донира гориво во вредност од над 30.000 долари.
Американците, секако, полудеа по бесплатен бензин, па целата планирана сума беше поделена за само два часа. За да биде подобро, првите возачи се наредија веднаш по објавувањето, околу 21 часот и 30 минути и чекаа цела ноќ откако се отвори бензинската пумпа.
Изненадени што се појавија значително повеќе од планираните 400 возачи, Бох реши да ја продолжи акцијата за сите што пристигнале од подалечните места да ги полнат автомобилите.
„Никогаш не сум доживеал вакво нешто, ова е совршено, совршено“, рече Патрик Хејнс, еден од среќниците што доби полн резервоар гориво. „Бензинот буквално го јаде паричникот на сите, вклучително и мојот, и мислам дека ова ги врати сите пари што ги потрошивме за поскапото гориво“, изјави Хејнс за локална ТВ станица.
Америка се соочува со драстично поскапување на горивата. Цената за галон моментално е 4,06 американски долари. Горивата поскапеа толку многу што во Америка се почести кражбите на гориво од паркираните автомобили.
„Наполнив гориво во автомобилот на еден пријател и бројачот покажа 107 долари. 107 долари за полнење на автомобилот, така што тоа не е нормално. Затоа мислев дека треба да направам нешто и така настана Денот на горивата во април“, објасни Бох за оваа интересна акција за помош на локалната заедница.