Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ може да се пофали со прилично скапа и луксузна гаража кога станува збор за поседот на автомобили.
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ како и многу други успешни спортисти има интересна колекција на автомобили.
Но за разлука од многу негови колеги спортисти Ноле не е некој што сака да се фали со „ѕверовите“ кои ја красат неговата гаража.
Новак е познат по својата љубов кон стилот и елеганцијата, но кога се во прашање автомобилите, се грижи и за зачувување на животната средина, поради што е повеќе за електричните автомобили.
Британскиот таблоид „Сан“ објави листа на автомобили во сопственост на најдобриот светски тенисер.
До неодамна Ѓоковиќ беше амбасадор на „Peugeot“ и како подарок од нив во 2020 година доби Пежо Е-208 од ограничената серија електрични автомобили.
Ѓоковиќ поседува и “Tesla Model X“, Audi R8, и Fiat 500.
Во една од гаражите на популарниот Ноле се паркирани и скапоцени автомобили „Mercedes Benz S500“, „Aston Martin DB9“и „BMW M55D“.