Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Џестони Гарсија, на неколку месеци, ќе посегне по електрична машина за потстригување, истовремено собира материјал за своите уметнички дела.
Со помош на тенка четка и проѕирна, леплива смола, косопственикот на фризерски салон во Манила ги нанесува собраните прамени коса на бело платно, што трае од два до пет часа. Тој создава впечатливи уметнички слики на музичари и актери од необичен материјал.
Овој 32-годишник е всушност морнар. Тој поминува до осум месеци годишно на море, а во отсуство на соодветни уметнички материјали, како што се бои и блокови за скици, Гарсија во 2021 година одлучил да ја користи сопствената коса за своите уметнички дела.
Започнал со автопортрети, а на крајот се префрлил на „сликање“ познати личности. Поголемиот дел од времето го минува на море, наместо во фризерски салон, кога ја користи само сопствената коса, а понекогаш кога ќе му снема материјал, тој е принуден да ги избричи дури и веѓите.
Гарсија вели дека сликањето му помага да се ослободи од стресот бидејќи долгите патувања со брод влијаат на неговото физичко и ментално здравје.
„Мораме да се обидеме да најдеме излез за да се справиме со депресијата. За мене тоа е уметност“, рече тој и додаде дека неговата најголема желба е да ги продаде портретите што ги прави.