Зеленски лично се заложил кај Бајден да не му воведуваат санкции на Абрамович


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако Русија ја започна нивната воена инвазија врз Украина, на списокот за „отстрел“ на американската влада од почеток се најде и еден од најпрепознатливите руски олигарси, Роман Абрамович. Тоа бил неговиот статус кај Американците сè додека Зеленски лично не му се јавил на Бајден тоа да се коригира, во име на мирот во Украина.

Зеленски побарал од Бајден да се причека со санкционирањето на Абрамович, бидејќи рускиот олигарх може да се покаже корисен во разговорите меѓу Украина и Русија. За сега Абрамович е исклучен од американските санкции за казнување на олигарсите блиски до Путин.

Ваквата уникатна позиција на Абрамович се должи на неговата блискост со Путин, додека во исто време по основа на своето еврејско потекло (и донации) ја има и довербата на Израел и Зеленски.

Главно претставниците на сите три страни (Бајден, Зеленски, Абрамович) одбиваат да коментираат и кружат околу тоа кој што кажал и кој што треба да направи.

Абрамович веќе е под санкции од Британија и ЕУ, а пред последните планирани санкции американското министерство за финансии, почна да го проучува Абрамович и неговите компании за да види како би можеле да го казнат. Тие потоа „внимателно делуваа од загриженост дека пеналите против Абрамович би можеле да влијаат на глобалните цени на челикот“. Абрамович има и малцински удел во компанија што поседува фабрики за челик во Орегон и Колорадо.

Веста ја објавува Вол стрит журнал од свои извори во администрацијата на Бајден, кои дополниле дека тие „немаат причина да веруваат дека Абрамович бил нешто посебно корисен во разговорите меѓу украинската и руската влада, додека разузнавачките информации го тврдат спротивното.“

Пред инвазијата на Украина, неколку претставници на израелски добротворни и други организации потпишаа писмо до американскиот амбасадор во Израел предупредувајќи на финансиските последици од санкционирање на Абрамович кој е еден од главните донатори на спомен-центарот Јад Вашем официјалниот израелски споменик на жртвите од Холокаустот.