Кирјос загуби од Надал на Индијан Велс, па откачи (снмика)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос продолжи со скандалозни испади да го шокира тенискиот свет.

По поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Индијан Велс, проблематичниот Австралиец прво му честиташе на Надал за победата, а потоа целосно ги загуби нервите. Го удри рекетот од подот и за малку ќе погодеше момче што ги собира топките покрај теренот.

И претходно во третиот сет Кирјос го фрлаше рекетот и се расправаше со публиката, па дури и пцуеше, па беше казнет со одземање на еден поен.