Облачен четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот 17-ти мартовски ден во Македонија носи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието каде повремено ќе засилува.

Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 Целзиусови степени: Скопје 12, Маврово 4, Охрид и Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 14.

Утре че имаме променливо облачно и студено време со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен слаб снег, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.