Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска од официјален Кремљ стигнува отворено соопштение дека руските сили би можеле да преземат целосна контрола врз големите украински градови и дека имаат доволно воена сила да ги исполнат сите свои цели во Украина без никаква помош од Кина.
Соединетите Држави и нивните европски сојузници ја оквалификуваа инвазијата на претседателот Владимир Путин како империјалистичко грабање земја и рекоа дека таа досега лошо се спроведува бидејќи Москва го потценила украинскиот отпор и решеноста на Западот да ја казни Русија.
„Министерството за одбрана на Руската Федерација, и покрај тоа што обезбедува максимална безбедност за цивилното население, не ја исклучува можноста за освојување на големите населени центри под целосна контрола“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека тврдењата на Соединетите Американски Држави и Европската Унија дека Путин некако е разочаран од напредокот на она што Кремљ го означува како специјална воена операција, претставуваат провокација чија цел е да ја поттикне Русија да ги нападне градовите.
Соединетите Држави, рече Песков, го покажаа своето целосно непочитување кон човечкиот живот со бомбардирањето на Југославија и нејзиниот главен град Белград во 1999 година, нивните војни на Блискиот Исток и со инвазијата на Авганистан.
„Не ни требаат совети од такви стратези“, рече Песков. „Сите планови на руското раководство ќе бидат остварени навреме и во целост.“
Песков рече дека Путин во почетокот на операцијата експлицитно побарал од Министерството за одбрана да избегнува упади во големите градови како Киев, бидејќи мислел дека украинските единици ќе ги користат цивилите како штит.
Тој рече дека некои украински градови веќе се опколени од руските сили.
На прашањето за забелешките на американските официјални лица што рекоа дека Русија побарала воена опрема од Кина, Песков одговори: „Не“.
„Русија поседува сопствен независен потенцијал за продолжување на операцијата. Како што рековме, таа се одвива според планот и ќе биде завршена навреме и во целост“, рече Песков, пренесе Ројтерс.