Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонски железници денес потврдија дека се воведува ново Стојалиште кај селото Тројкрсти во близина на Прилеп.
Така се решава деценискиот проблем на жителите на Тројкрсти и на околината кои немаа станица за да патуваат со воз до Прилеп или Битола, иако пругата поминува непосредно до селото.
Македонски железници денес информираа дека сите патнички возови на релација Битола – Скопје и обратно ќе застануваат на новоизграденото стојалиште Тројкрсти.