Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од руската владејачка партија Единствена Русија денеска соопшти дека владината комисија го одобрила првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании што ја напуштаат земјата, пренесува Ројтерс.
Единствена Русија на мрежата Телеграм објавила дека Комисијата за законодавни активности го поддржала законот со кој се дозволува компаниите во кои странски компании од земјите кои се најдоа на листата непријатели на Русија имаат повеќе од 25 отсто од сопственичкиот удел да бидат ставени под екстерна управа, со цел да се спречи банкрот и да се спасат работните места, пренесува агенцијата Ројтерс.
Од почетокот на руската инвазија на Украина стотици странски компании од сите области се повлекоа од Русија.