Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украина соопшти дека руските сили продолжиле да ги гранатираат патиштата за кои се договориле да се користат како коридори за евакуација за излез на цивилното население од Мариупол, а напади се вршат и врз самиот град, со што го кршат примирјето кој требаше да стапи на сила.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека од 10 часот вчера по московско време, или од 8 по средноевропско време, Русија објавува прекин на оган и отворање на хуманитарни коридори преку кои цивилите ќе го напуштат Мариупол и Волновака. Хуманитарните коридори и излезните патишта се координирани со украинската страна.
Но, официјалните лица од Мариупол велат дека го одложија процесот на евакуација и побараа жителите да се вратат во нивните скривници. Беше предвидено патиштата за евакуација да бидат отворени 5 часа, како за автобусите, така и за приватните возила. Локалните власти на Мариупол информираа дека евакуацијата на цивилите е одложена поради тоа што руските сили го опколуваат градот и не го почитуваат примирјето. Битките на терен продолжуваат, а доаѓаат и извештаи за загинати и ранети. Руски хеликоптер се урна, откако беше погоден од проектил.
Без храна, вода и лекови, жителите на украинскиот град Мариопол, кој е под руска опсада, сами се снаоѓаат како знаат. Руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за неуспешниот хуманитарен коридор за извлекување на цивилите, едните дека населението укранската војска го држи населението како жив штит, другите дека Русите не престануваат со ракетирањата.
Според заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов договорениот прекинот на огнот траел „не повеќе од 30 минути“ иако според договорот со Црвениот крст требало пет часа им овозможи на цивилите да ги напуштат Мариупол и Волноваха. На видеото кое се појави на социјалните мрежи граѓаните во еден голем трговски центар се обидуваат да најдат нешто корисно, но продавниците се веќе празни, во градот нема ниту вода, ниту греење.
„Немаме залихи со храна. Луѓето земаат сè. Продавниците се празни“, вели Ирина, жителка на Мариупол.
Мариупол е клучен град на рутата меѓу Крим и Русија, во овој пристаништен град на Азовското Море живеат повеќе од 400.000 жители – со денови е под опсада на руските сили. Ако Русија го преземе Мариупол, би можела да ја преземе контролата врз рутата што ги поврзува регионите во Луганск и Доњецк, кои се под контрола на сепаратистите поддржани од Русија, и Крим – кој Русија го анектираше во 2014 година. Шефот на руската дипломатија ги обвини властите во Мапиупол за неуспехот на хуманитарниот коридор, а како што рече, властите во Керсон ја одбиле нивната хуманитарна помош.
Во меѓувреме британските разузнавачки служби информираат дека стапката на воздушните напади и руската артилерија во Украина во последните 24 часа е пониска, но се верува дека руските сили напредуваат на југ на земјата.
Украина сè уште има контрола над Харков, Чернихив и Мариупол, напиша на Твитер британската министерка за одбрана.
Во соопштение на британското Министерство за одбрана пишува дека доаѓаат информации за улични борби од североисточниот град Суми. Многу е веројатно руските сили целосно да ги опколиле сите четири града. Британското министерство соопшти дека најверојатно руските сили напредуваат кон јужниот град Миколаев и дека постои реална можност да се обидат да го заобиколат градот, за да продолжат да напредуваат кон Одеса. Во меѓувреме, рускиот Претседател, Владимир Путин рече дека не планира да прогласи воена состојба во Русија. Меѓу другото ги предупреди западните земји од воведување зона за забранети летови на небото над Украина. Украинскиот Претседател пак, Володомир Зеленски, го осуди НАТО за одбивање да креира зона за забранети летови во Украина. Но, и покрај апелите на Киев, западните лидери ја отфрлија оваа идеја, поради страв да не дојде до уште поголема ескалација на војната.
Руската инвазија во Украина влезе во десеттиот ден. Засега не се знае точниот број на жртви, а од Агенцијата за бегалци при ОН велат дека од почетокот на војната, на 24 февруари, од Украина пребегале повеќе од еден и пол милиони луѓе.