Мајмун со мало „к**е“: Шарли Ебдо му подвлезе на Путин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера излезе новото издание на сатиричниот француски неделник Charlie Hebdo, на чија насловна страница има карикатура со огромен Путин како мајмун.

Карикатуристите на Charlie Hebdo го прикажаа Путин со огромно тело и гротескно мал пенис, под кој стои уред за активирање нуклеарно оружје.

Под карикатурата стои насловот: На патот кон 21 век.

Насловната е објавена вчера на Твитер, а веднаш почна да се споделува и коментира на таа социјална мрежа. Бројни твитерџии се согласуваат дека Charlie Hebdo погодил кој е најголемиот проблем на Путин.