Србија даде поддршка за резолуцијата на ОН и ја осуди руската воена инвазија врз Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Србија даде поддршка за резолуцијата на ОН и ја осуди руската инвазија, соопшти српскиот претседател, Александат Вучиќ во обраќање до нацијата.

-Целиот свет стана поинаков и ништо повеќе не е исто. На светската сцена се случија тектонски промени, а Србија е во исклучително тешка ситуација и има помалку разбирање од кога било за позицијата на Србија и нашиот народ насекаде во светот.

Не станува збор за нашата принципиелна и исправност на нашиот став, туку за околностите кои не доведоа во тешка ситуација. Речиси и да нема претставник на големи земји со кои не сме разговарале. Србија се соочува со огромен притисок и тоа што малкумина сакаат да ја слушнат вашата аргументација, тогаш ви е јасно колку е тешка нашата позиција.

Мислам дека ова е само почеток, притисоците врз нашата земја ќе бидат огромни во наредниот период, рече тој.

Пред неколку дена Вучиќ соопшти дека Србија го поддржува територијалниот интегиртет на Украина, но не воведе санкции против Русија.

Генералното собрание на ОН вчера попладнето со големо мнозинство усвои резолуција со која „бара“ Русија „итно“ да се повлече од Украина, како силен укор за инвазијата на Москва од страна на глобалното тело задолжено за мир и безбедност.

По повеќе од два дена вонредна дебата, 141 од 193 земји-членки гласаа за необврзувачката резолуција. Кина беше меѓу 35-те земји кои беа воздржани, а само пет гласаа против.

Резолуцијата „најостро ја осудува“ руската инвазија врз Украина и ја осудува одлуката на претседателот Владимир Путин да ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност.