Тухел ја коментира ситуацијата во Челзи откако Абрамович беше протеран од Велика Британија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Велика Британија го протера газдата на Челси, Роман Абрамович затоа што бил соработник со рускиот претседател Владимир Путин.

Tренерот на Челзи, Томас Тухел не крие дека ситуацијата во клубот е ужасна.

„Не смееме да се преправаме дека ова не е проблем, за мене и сите во клубот ова е ужасно. Нашите глави „не се чисти“, збунети сме, и ова е навистина непријатно“, изјави Тухел.

„Челзи ќе стане цел на напади и некакви заговори. Фудбалерите, тренерот и стручниот штаб нема никаква врска со тоа што се случува во Русија. Ние не сме одговорни за такво нешто. Војната во Европа е нешто што никој досега не можеше да си го замисли. Се надеваме дека ќе заврши за брзо“, додаде Германецот.