631 нов случај на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според податоците со кои располага и ги сподели Министерството за здравство на Македонија, во последните 24 часа кај нас 631 се заразиле со Ковид-19, а 10 починале како последица на коронавирусот.

Од вкупниот број позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции. Оздравени сe 910 пациенти.

Направени се 2.818 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка по 6, Штип и Делчево по 5, Кочани, Струга и Радовиш по 3, Пробиштип и Богданци по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75 и 91) и по едно починато лице од Куманово (81), Кавадарци (70), Струга (81) и Прилеп (67). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74 до 92. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.