Загрижувачки пораст на бројот на основци заразени со Ковид-19 – утре се почнува со скрининг на учениците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Комисијата за заразни болести алармираат дека се загрижени од зголемениот број на новозаразени со коронавирус во основните училишта и утре таму почнува скринингот на ученици за да се утврди реалната состојба.

Скринингот на избраните ученици ќе се врши во училиштата, за да родителите не се изложуваат на дополнителни обврски да ги носат децата во Центрите за јавно здравје.

„Од утре почнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемна. Во средните училишта таква состојба нема, таму епидемиолошката состојба е стабилна. Но, загрижувачки се бројките што ги добивме од основните училишта и беа аларм да аплицираме скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата во основниоте училишта“, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Обезбедени се тимови на здравствени работници кои ќе го спроведат скринингот во училиштата согласно препорачната методологијата, по што ќе се изврши анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за да се обработат статистички и да се дознае реална слика како се пренесува вирусот во основните училиште.

„Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштата“, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.