Новак: Ќе ги жртвувам тениските трофеи ако ме принудуваат да се вакцинирам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не сум антиваксер, но ќе ги жртвувам трофеите ако ме натераат да се вакцинирам, апелираше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за Би Би Си, прво по инцидентот во Австралија од кадешто бепе депортиран.

„Не сум антиваксер, но ќе ги жртвувам трофеите ако ме тераат да се вакцинирам против ковид. Никогаш не сум бил против вакцинацијата, но секогаш сум ја поддржувал слободата на избор што ставате во своето тело“, рече Ѓоковиќ.

Тој се надева дека условите за вакцинација на некои турнири ќе се променат и се надева дека ќе игра многу години. Но исто така потврдува дека е подготвен да се откаже од шансите да стане статистички најдобар тенисер на сите времиња.

-Затоа што принципите за носењето на одлука за моето тело се многу поважни од било кои титули или било што друго. Се обидувам да бидам во склад со моето тело колку што е тоа можно. Никогаш не сум бил против вакцинација. Разбирам дека глобално сите се обидуваат да вложат големи напори да се изборат со овој вирус и наскоро се надевам на што побрз крај на овој вирус, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатиот месец беше депортиран од Австралија по сагата која траеше повеќе од десет дена. Судот одлучи дека министерот за имиграција Алекс Хоук има право да го депортира од Австралија поради неговите ставови кои ги нарече „опасни за здрајето на нацијата“. Се откри дека Ѓоковиќ имал прележано ковид, но не е вакциниран.