Тензиите меѓу Украина и Русија удрија и по цената на златото


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Политичките тензии со најави за можни воени судири помеѓу Русија и Украина влијаеја и врз цената на златото.

Цената на златото се намали за скоро 3 отсто утринава на 1.853,91 долар за троја унца, откако во петокот порасна за 1,8 отсто – најголем пораст од 13-ти октомври.

Напнатноста околу трупањето руски војници на границата со Украина, резултираа нови поскапувања на златото и паладиумот затоа што многу инвеститори бараат засолниште за своите пари.

Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник во интервју за БИЛД предупреди дека посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев и Москва денеска и вторник ќе бидат „веројатно последна шанса“ за мир.