Георгиевски со реакција до АМС за распределбата на ваучерите – од таеквондо федерацијата бараат да се исправи оваа неправда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По распределбата на ваучерите од АМС имаше реакции од разни страни, Фудбалската Федерација на Македонија и оваа година остана со „нула“ денари, а дека ваучерите не се соодветно распределени смета и македонскиот освојувач на сребро, Дејан Георгиевски.

Најголем ваучер доби каратистот Емил Павлов, кој освои сребро на ланското Светско првенство во карате и тоа од 500.000 денари, додека втор најголем ваучер за оваа година има параолимпијката во стрелаштво Оливера Накова-Бикова од 400.000 денари. Георгиевски доби 350.000 денари.

Според АМС толку вреди успехот со освоеното сребро кое за Македонија е второ досега на Олимпијадите. Беше прогласен и за спортист на годината. Во реакцијата Георгиевски беше поддржан и од македонската таеквондо федерација.

„МТФ бара овој срамен чин веднаш да биде исправен, олимпиското сребро на Дејан Георгиевски никој не смее да го негира“, кратко порачаа од федерацијата споделувајќи ја објавата на Георгиевски.