Го препознавате кој е на сликата?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер и режисер, Шон Пен, физички е трансформиран до непрепознатливост во новата улога во серијата Gaslit, во која што глуми со Џулија Робертс.

Серијата ја следи приказната за аферата Вотергејт, а Пен го отелотворува Џон Мичел, пријател и адвокат на американскиот претседател Ричард Никсон.

Поради оваа улога, Шон Пен драстично го промени својот изглед и на почетокот ретко кој препознал за кој актер се работи.

За разлика од реалниот живот, во серијата Шон е подебел и поќелав.

Пен секогаш максимално се посветува на своите улоги, а по објавувањето на тизерот за Гаслит, многумина со нетрпение ја очекуваат серијата, особено поради Џулија.

„Со оваа изведба Џулија Робертс може да освои Еми“, „Ова изгледа одлично“, „Џулија никогаш не разочарува“, пишуваат луѓето под видеото.

Џулија Робертс ја отелотвори сопругата на Мичел, Марта, неочекуван свиркач која прва ја спомна во јавноста врската на Никсон со Вотергејт.

Серијата е снимена минатата година во посебни услови поради пандемијата, а Шон Пен тогаш рече дека нема да дојде на сетот доколку секој член од тимот не биде вакциниран. Главен продуцент на серијата е Сем Есмаил.