Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„И денеска нема договор, очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал“, вака првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, го дефинираше крајот на денешните неуспешни преговори меѓу синдикатот и работодавците. Тој додаде дека работодавачите дури и се дрзнале денеска тие да добијат повластувања од Владата.
„Еден нефер и некоректен однос од страна на работодавачите. Владата излезе со една одлична анализа, каде што кажува дека моделот кој го предлага Сојузот на Синдикатите на Македонија и останатите синдикати е најприфатлив. Затоа ја охрабрувам владата, бидејќи гледам дека е на наша страна, врз основа на ова што денеска тие го анализирале, цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18.000 денари” – изјави Димовски.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека за одреденни прашања имало и согласност, како на пример дека постоечкиот модел за пресметување на минималната плата е неприфатлив за сите страни.