Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ротердам реши да размонтира челичен мост изграден во 1878, кој последен пат бил демолиран од бомбардирањето на Нацистите во 1940, по што одново бил изграден и пуштен во употреба. Причината е хир и ништо повеќе.
Барањето за демонтажа е од холандското бродоградилиште кое ја составува јахтата на Безос, Океанеко, чиј централен дел не го собира низ средишниот премин на мостот. Целата операција ќе биде платена од Океанеко.
Јахтата има три џиновски јарболи за едра, повисоки од крајната граница на подвижниот мост кој максимум може да се крене до 40 метри.
Драмата околу ова демонтирање на мостот е што по неговото реновирање во 2017 локалните власти ветија дека тој никогаш повеќе нема да биде расклопуван.
Од канцеларијата на градоначалникот на Ротердам признаваат дека „тоа е единствениот излез до морето“, плус ова го филуваат со стандардните статистики дека изградбата на 485 милиони долари вредната јахта донела економски бенефит и вработувања за жителите на Ротердам.
Демонтажата ќе трае неколку седмици и се очекува да се случи некаде летово.
Друг проблем што Безос го има со џиновските едра, е што заради нив на јахтата нема да може да слета хеликоптер. Заради ова, Безос има нарачано уште една, помала, помошна јахта, со хелипад на нејзе која секаде треба да ја прати големата јахта.