Четири земји во светот тврдат дека кај нив не е појавен коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од вкупно 193 земји со полноправно членство во Обединетите нации, четири тврдат дека досега немаат регистриран случај на коронавирус, додека, според Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.

Последната земја во која е регистриран ковид-19 е пацифичкиот остров Кирибати, еден од најизолираните на планетата, оддалечен околу 4 800 километри од Австралија.

Најголемата држава во која, барем официјално, не е потврден ниту еден случај на коронавирус е Северна Кореја, чии власти го ставија во карантин градот Каесонг на 26 јули, недалеку од границата со Јужна Кореја, поради едно лице за кое постои сомневање дека е заразено со, како што велат, чуден вирус. Сепак, тие сомнежи не се потврдени, па и покрај резервираноста на многу светски медицински експерти, Северна Кореја официјално е наведена како земја во која коронавирусот не е регистриран.

Туркменистан е втората азиска земја која тврди дека нема присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 6,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,2 милион заразени.

Имаше спорадични извештаи за граѓани на Туркменистан кои имаат симптоми на коронавирус, па дури и наводни смртни случаи, но тамошните власти досега не пријавиле случај на инфекција.

Преостанатите две земји каде што коронавирусот не е потврден се во Океанија, Науру и Тувалу. Најмалата од четирите земји без коронавирус – Науру, има само 12.000 жители.