Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот?
↓↓↓
Британската кралица Елизабета II лансираше брендирани производи направени на нејзиниот имот во Норфолк.
Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот „People“.
„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап.
Освен домати, овој кечап содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини. Позната е и цената и очекувано е поскап од вообичаениот што може да се најдат во продавниците – шише од 300 милилитри чини девет долари.
Според „People“, кралицата е голем обожавател на хамбургери, а за тоа претходно зборуваше нејзиниот поранешен готвач Дарен МекГрејди. Тој вели дека таа јаде плескавици без пециво со вилушка и нож, а наместо кечап користела брусница.