Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тандемот Фајзер и Бионтек објавија дека започнале со клиничко тестирање на нова верзија на нивната вакцина против Ковид-19, специјално направена за делување против омикрон варијантата на коронавирусот.
Производителите на вакцини против коронавирус работат на верзии на нивните вакцини кои би биле поефикасни против омикрон, во случај глобалните здравствени власти да одлучат дека е потребна промена. Луѓето кои биле вакцинирани имаат веројатност да бидат заразени со омикрон, но сѐ уште не е јасно дали е неопходно да се сменат постоечките вакцини. Оригиналните вакцини продолжија да нудат добра заштита од тешки болести и смрт.
Според истражувањата направени во Соединетите држави и други земји, бустерот ја зајакнува оваа заштита и ги подобрува шансите за поблаг облик на инфекција. „Ја препознаваме потребата да бидеме подготвени во случај заштитата да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогнеме во борбата против омикрон и новите варијанти во иднина“, соопшти Фајзер.
За време на новото клиничко испитување, кое вклучува до 1.420 возрасни лица на возраст од 18 до 55 години, верзијата на вакцината против омикрон ќе се тестира и како засилувач и како примарна вакцина. Во истражувањето ќе учествуваат и некои невакцинирани доброволци, кои ќе добијат три дози од новата верзија на вакцината.