ММФ апелира до Ел Салвадор да го укине биткоинот како законско средство за плаќање


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ММФ го повика Ел Салвадор да престане да го користи Биткоин како законско средство за плаќање, наведувајќи ги „големите ризици” што ги носи криптовалутата.

Банката „ги повика властите да го намалат опсегот на законот за Биткоин со отстранување на статусот на Биткоин како законско средство за плаќање”, се вели во соопштението на Меѓународниот монетарен фонд.

Во септември, Ел Салвадор стана првата земја во светот што усвои дигитални пари, што ги прави легални за употреба во сите трансакции, вклучувајќи го и американскиот долар.